X
 03.07.2025 Живот

Боја што „се поти“ кога топлината и влажноста се високи: Оваа формула ги лади зградите без климатизација

На пазарот веќе постојат комерцијални бои со ефект на ладење, кои ослободуваат топлина од површините, како и рефлективни сончеви бои кои ја рефлектираат сончевата светлина.

Сепак, цементната боја развиена од истражувачи од Сингапур комбинира радијативно ладење, сончева рефлексија и испарување на водата за значително подобри вкупни резултати.

Оваа боја има порозна структура што ѝ овозможува да ја задржува водата и полека да ја ослободува, слично на тоа како човечкото тело се поти кога е прегреано, објасниле научниците.

До 40% помалку електрична енергија за клима-уреди

Тим научници ја тестирал бојата со пребојување на три куќи во Сингапур. Тие ја обоиле едната со обична бела боја, другата со комерцијална боја за радијативно ладење, а третата со новоразвиената формула.


Резултатите од тестовите покажале дека нивната боја ја намалува потрошувачката на електрична енергија на клима-уредите за 30-40% благодарение на ефектот на испарување и силната рефлексија на сончевата светлина, со оглед на тоа што бојата рефлектирала од 88% до 92% од сончевата светлина.

Како друга предност на нивната боја истражувачите го наведуваат фактот дека по две години тропска топлина и дожд, бојата на првите две куќи станала жолта, додека цементната боја останала бела благодарение на наноструктурите во нејзиниот состав, кои ја подобруваат рефлективноста.

Помош во борбата против топлинските острови

Оваа боја може да помогне во намалувањето на потрошувачката на енергија, со оглед на тоа што дури 60% од енергијата во зградите оди на ладење, особено во потоплите региони како што се Сингапур и Блискиот Исток.

Истражувачите исто така велат дека може да помогне во борбата против ефектот на топлински остров, кој се јавува во густо населени урбани средини каде што асфалтот и зградите апсорбираат и зрачат топлина, зголемувајќи ги амбиенталните температури.

Извор: gradnja.rs
Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот