X
 03.08.2018 Образование

Училиште во кое се зборуваат 40 јазици: „На почеток беше збунувачки...“

Мајчиниот јазик на Амнин е урду. Мајчиниот јазик на нејзината пријателка Талија е арапски. Но од неодамна, во аголот на училницата, тие двете се смешкаат и разговараат на англиски.

Девојчињата се ученички во Фрејзер Мустард училиштето во Торнклиф паркот, предградие во Торонто изградено само за деца од претшколска возраст.

Училиштето има 24 училници, 630 ученици на возраст помеѓу 4 и 6 години и повеќето се деца имигранти. Во училиштето се зборуваат 40 јазици, а повеќето деца не знаат англиски. Јазичната разновидност го одржува мотото на Торонто: -Разновидноста е наша сила“. Поради тоа наставниците околу вратот носат поврзани слики со основните упатства. Едната слика вели нема туркање.

-На почеток имаше доста мимики - вели наставничката Стефани Хамонд.

јазици
Фото: Tara Walton


Има и други слики што ги одразуваат различните емоционални состојби за децата да го прошират речникот со такви зборови.

-На почетокот беше збунувачки. Но за брзо време ги научив сите зборови на англиски јазик. Сега ги учам мама и тато - вели 6-годишната Лин, имигрант од Сирија.

Само поради бројноста, персоналот има подготвено специјализирана програма каква што не се наоѓа во друго училиште во Канада. Исто така постои и настава од науката и технологијата каде децата работат проекти како правење филмови од цртежи на птици во лет.

Во собата 208, Хамонд седи на малата маса и сече хартија со четири другарчиња. Останатите 20 играат во разните области за учење.

1
Фото: Tara Walton


Во Канада, јавниот образовен систем се смета за двигател на мултикултурализмот и е особено важен во град каде што 46 отсто се имигранти.

Повеќето деца, кога за првпат ќе стигнат до Фрејзер Мустард, не умеат да ги користат скалите. Директорката на училиштето наредила да им се тестираат моторичките вештини. Резултатите биле толку алармантни што примила уште двајца наставници за да започне програмата за моторика.

6-годишниот Валед, стои пред скалите. Скока на првата со двете нозе, се држи со рацете, се исправа, ги подигнува пантолоните и потоа сето тоа го повторува. Пред два месеци тој не можел ни да скока.

-Вежбав - вели.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование