По објавувањето на конкурсите за академската 2026/2027 година, на
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во тек се интензивни активности за запишување студенти на прв циклус студии.
Паралелно се подготвува и приемот на новата генерација специјализанти и магистранти. Во пресрет на уписните рокови за вториот циклус студии, разговараме со проректорот за настава, проф. д-р Цветко Андреески, за можностите што ги нудат магистерските студиски програми за професионално и академско надградување, нивната усогласеност со современите образовни и пазарни потреби, како и за тоа што го прави УКЛО привлечен избор за идните магистранти.
Дали и колку студиските програми нудат можности за професионално и академско надградување, усогласенoст со современите образовни и пазарни потреби и што е онашто УКЛО го прави привлечен за идните магистранти?
- Студиските програми на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ –Битола (УКЛО) обезбедуваат јасна вертикала на професионален и академски развој, при што магистрантите се вклучени во современи образовни процеси усогласени со актуелните барања на пазарот на труд. Универзитетот се издвојува како институција која систематски гради патека за надградување на компетенциите, преку програми што се развиваат во согласност со современите трендови во високото образование и динамиката на економските и општествените промени.
Програмите на сите три циклуси на студии се предмет на редовна ревизија и ажурирање, со цел да се обезбеди нивна релевантност и актуелност. Во наставниот процес се применуваат дигитални алатки за истражување и организација, како и интердисциплинарен пристап каде што тоа е возможно, што овозможува студентите да стекнат поширока перспектива и интегрирано знаење.
Креирањето на студиските програми се врши во консултација со индустриските партнери, јавните институции и професионалните здруженија, со што се обезбедува нивна практична применливост и усогласеност со реалните потреби на пазарот. Дополнителна поддршка за развојот на квалитетни програми се обезбедува преку меѓународната соработка, особено преку партнерствата со други универзитети и активното учество во алијансата КОЛОРС, каде УКЛО е ангажиран веќе трета година по ред.
Со ваквиот пристап, УКЛО се позиционира како привлечна академска средина за идните магистранти, нудејќи им реални можности за професионално и академско напредување, како и конкурентност на глобалниот пазар на труд.
Што им нуди УКЛО на идните магистранти и кои се клучните предности од продолжување на образованието на втор циклус студии на Универзитетот?
- Студентите на втор циклус студии на
УКЛО добиваат персонализирана академска поддршка и работа во мали групи, што овозможува квалитетна интеракција и индивидуален пристап. Универзитетот е препознатлив во повеќе научни области, со оригинално развиени програми во соработка со меѓународни партнери. Континуираното организирање на студентски проекти, конференции и натпревари обезбедува практична и научна примена на знаењата.
Наставниот кадар брои над 270 професори во 12 единици, што гарантира широка покриеност на научни дисциплини. Преку програмите за мобилност и учеството во алијансата КОЛОРС, студентите имаат можност за делумни студии во странство, ко-менторство од домашни и меѓународни професори и пристап до лабораториски и содржински ресурси.
Со ваквиот интегриран пристап, УКЛО обезбедува академска средина која ги поддржува студентите во нивниот професионален и научен развој и ја зајакнува нивната конкурентност на глобално ниво.
Во која насока се развиваат магистерските студиски програми и како тие одговараат на современите барања на пазарот на труд и потребите на студентите?
- Современите студиски програми на втор циклус обезбедуваат продлабочени знаења во рамките на струката, истовремено интегрирајќи интердисциплинарен пристап кој ги опфаќа современите технологи и, економијата и општествените науки. На тој начин студентите стекнуваат пошироки компетенции релевантни за современиот пазар на труд и динамичните општествени промени.
Изработката на студиските програми се реализира во соработка со стручни лица од стопанството, што обезбедува нивна практична применливост и усогласеност со индустриските потреби. Дополнително, во процесот се вклучуваат и колеги од странство, со цел да се овозможи размена на искуства и стекнување глобални компетенции, што ја зајакнува меѓународната димензија на студиите и ја зголемува конкурентноста на студентите.
Колку учеството на УКЛО во европската универзитетска алијанса КОЛОРС придонесува за унапредување на квалитетот на наставата, интернационализацијата и создавање нови можности за мобилност и меѓународна соработка за студентите на втор циклус студии?
Алијансата
КОЛОРС претставува значаен фактор во развојот на современите студиски програми на вторциклус студии. Нејзиното влијание е суштинско за наставниот процес и за концептуализацијата на студиските циклуси, што ја прави неизбежна референца при разгледување на академските практики наУниверзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО).
Најголемиот дел од заедничките студиски програми кои се во постапка на изработка во рамките на оваа алијанса се однесуваат на вториот циклус студии. Станува збор за едногодишни и двегодишни магистерски програми коиобезбедуваат продлабочени знаења и повисок степен на разбирање на струката, истовремено овозможувајќи соработка со наставници и колеги од странство.
Магистерските студии, во овој контекст, се афирмираат како најрелевантен механизам за усовршување на знаењата и за создавање услови за академска и професионална соработка со поширок круг на наставници и магистранти, како во рамките на УКЛО, така и на меѓународно ниво. Со тоа, алијансата КОЛОРС придонесува за интернационализација на студиските програми и за зголемување на конкурентноста на студентите на глобалниот пазар на труд.
(Комерцијална објава)