X
 03.09.2025 Живот

Измамник зел 6.000 евра од 80-годишна жена - ѝ кажал дека е на вселенски брод и дека му треба кислород

Постара Јапонка останала без еден милион јени (околу 5.773 евра) откако се заљубила во маж кој го запознала преку интернет и кој се претставил како астронаут во неволја во вселената.

Жената, на возраст од осумдесетина години, во јули го запознала измамникот на социјалните мрежи. Тој ѝ рекол дека работи како астронаут, а локалната полиција го опишува случајот како измама базирана на чувства.

По неколку пораки, измамникот ѝ рекол дека моментално е во вселената на вселенски брод, но дека е нападнат и му е потребен кислород. Потоа ѝ вршел притисок да му помогне да купи кислород, па успеал да ѝ извлече еден милион јени.

Жената живее сама и, според локалните медиуми, се заљубила додека се допишувала со него.

Во јануари, во Франција, една 50-годишна жена во едно телевизиско шоу изјави дека измамник успеал да извлече од неа 830.000 евра претставувајќи се како американскиот актер Бред Пит.

Измамникот користел лажни фотографии и фалсификувал документи за лична идентификација користејќи вештачка интелигенција.

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот