Италијанец од градот Виченца, кој повеќе од 50 години примал инвалидска пензија и за тоа време од државата инкасирал околу еден милион евра, е обвинет за измама откако било откриено дека лажел дека е слеп.
Седумдесетгодишниот маж ја добивал инвалидската пензија уште од 1972 година. Финансиската полиција го следела повеќе од два месеца и го снимала како работи во градината без ничија помош, користејќи опасни алати како градинарски ножици и тример за жива ограда.
Подоцна бил снимен и во супермаркет, каде што внимателно си избирал овошје и зеленчук и плаќал во готово.
По завршената истрага, финансиската полиција ги известила надлежните служби да ја прекинат исплатата на инвалидската пензија и сите други социјални бенефиции за осомничениот.
Регионалната канцеларија на обвинителството во Венето потоа подигнала обвинение против лажниот инвалид, обвинувајќи го за измама.
Извор:
Nezavisne.com
Фото: Pexels