Влегувањето во продавница за храна е поразлично од порано бидејќи и на локално и на глобално ниво купувачите се соочуваат со повисоки цени. Стапките на инфлација се во пораст во повеќе земји во светот.
Борбата е вистинска, но е пореална за некои
Борбата е вистинска, но очигледно е пореална за едната половина од населението. Односно, Си-ен-ен го истакна ова пред некое време кога случајно забележа дека повеќето од влијателните лица на платформата „Тик-ток“ што го најавуваа трендот „Не купувајте 2025“ - биле жени. Правилата за тој тренд на живот се од типот: без нова облека, производи за убавина, накит, технологија, храна за носење, декор, книги...
Студиите покажуваат: Жените очекуваат полоша инфлација, но зошто?
Жените ја регистрираат инфлацијата повеќе од мажите и има податоци што го поткрепуваат тоа.
Во примерок од податоци од анкети од голем број брачни парови низ Америка истражувачите откриле дека жените очекуваат поголема инфлација од мажите. За подобро или полошо, очекувањата на сите биле полоши од реалноста, но јазот бил особено изразен кај сопругите: јаз што изнесувал една четвртина од целната стапка на инфлација на Федералните резерви.
Половите јазови изобилуваат во сè, од плати до време, па и до тоа дали верувате во вакцини, но фактот дека жените се дополнително чувствителни на инфлацијата се чини дека ги побива сите стереотипи околу тоа колку овој пол наводно сака да троши пари.

Решена мистеријата: Кој купува намирници?
Мистеријата зошто е ова случај станува јасна штом ќе погледнете кој купува намирници. Како што откриле истражувачите, жените често го реализираат најголемиот дел од обврската за купување намирници. Бидејќи оние што се задолжени за неделните трошоци за храна на нивните домаќинства се најчесто жените. токму тие се соочуваат со нестабилноста на цените на неделна основа, а тоа пак ги нарушува нивните економски очекувања.
Од светлата страна, домаќинствата што успеале еднакво да ги поделат обврските за купување меѓу половите не покажале никаква разлика во анкетата. Значи, ако инфлацијата ве држи будни ноќе, решението е изненадувачки едноставно: само натерајте го вашиот партнер да оди во продавница.
Извор: psychologytoday.com
Фото: Freepik