Акцијата со студентските ваучери за набавка на електронски уред продолжува со полна динамика, а
СЕТЕК останува омилена станица за студентите кои сакаат максимално да ја искористат оваа можност. Причината е едноставна: најбогата понуда од водечки брендови, по најповолни цени.
Во салоните на СЕТЕК студентите избираат меѓу стотици модели лаптопи, таблети и десктоп-конфигурации. Понудата е креирана да одговори на различните студентски потреби – од онлајн предавања и секојдневни задачи до перформанси потребни за дизајн, обработка на мултимедија и други напредни активности.
Дополнително,
СЕТЕК во партнерство со
Шпаркасе банка АД Скопје нуди специјална промотивна можност за студентската популација: секој студент што ќе го искористи ваучерот од 15.300 денари и ќе изврши доплата со која било картичка од
Шпаркасе Банка при купување лаптоп во сите продажни салони на СЕТЕК, ќе добие пакет-подарок – ранец и маус. Кампањата е наменета за првите 1.000 купувачи што ќе извршат доплата со Шпаркасе картичка, обезбедувајќи им директна корист и поддршка во нивниот академски и секојдневен живот.
За полесен избор, изготвен е и специјален
каталог со акциски цени на лаптопи, кој ги содржи сите достапни модели и понуди на СЕТЕК за студентите.
СЕТЕК – студентска станица за техника.
Се гледаме во СЕТЕК!
(Комерцијална објава)