X
 04.04.2019 Живот

Државна лотарија на Македонија со новиот инстант лоз ви посакува СО СРЕЌА

Од денес (04.04.2019) Државна лотарија на Македонија ја најавува најновата инстант лотарија  под име “СО СРЕЌА“.
Лозот СО СРЕЌА за само 30 денари може да ве донесе до вредни парични добивки. Во серијата од милион лозови добитни се 342 567 лозови , што значи дека секој трет лоз СО СРЕЌА е добитен лоз. Добивките се парични, а започнуваат од 30  до 60.000 денари и тоа главната добивка ја има во 30 инстант лозови. Играта е забавна, едноставна, но и брза во дознавањето на добивката. Имено, по отстранувањето на заштитниот слој се открива еден број  од полето насловено како ДОБИТЕН БРОЈ и четири броеви во полињата ТВОИ БРОЕВИ. Лозот е добитен доколку некој од твоите броеви се совпадне со добитниот број, а се остварува добивката под тој број.

Под мотото СО СРЕЌА , Државна лотарија на Македонија ви посакува добра забава за само 30 денари. Покрај актуелните инстант лозови кои нудат парични добивки Аладинова ламба, Златна Рипка, Златна Треска , Дијамант, Сеф,  Државна лотарија ја проширува палетата на инстант лозови со уште еден, и на сите играчи им порачува : ЗАМИСЛИ ЖЕЛБА и СО СРЕЌА.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

комерцијален текст

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот