X
 04.08.2025 Живот

Овој знак може да го видите на aвтопатите во Германија, но малкумина знаат што значи

Иако постојат универзални сообраќајни знаци што секој возач лесно ги препознава, многу земји имаат и свои специфични ознаки кои можат да ги збунат возачите од странство. Еден таков пример е знакот со црвена точка на патоказ, што често се среќава во Германија.

Имено, овој знак означува таканаречена „црвена маршрута“. Возачите што ја следат „црвената маршрута“, се движат по идеална маршрута од излезот на автопатот до следниот соодветен коловозен приклучок во насока на нивната крајна дестинација.

znak
Фото: Screenshot/YouTube

Овој знак нема директен еквивалент во Македонија, но најблиска според функцијата му е привремено поставената патоказна сигнализација за алтернативна маршрута (обично при сообраќајни застои, градежни работи или сообраќајни несреќи), која се означува со жолти патокази или жолта табла со црна стрелка. Ваквите сообраќајни знаци се поставуваат поради веќе докажани проблеми со сообраќајни метежи на одредени правци. Несреќите што се поврзуваат со нив покажале дека застојот може да трае со часови.

За да се намали можноста од вакви ситуации, се прават што е можно поголеми обиколници, при што токму овој знак се користи за насочување на сообраќајот.

Извор: Vecernji.hr
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот