Во земјите низ светот се појавуваат сè повеќе кружни текови кои би требало да го олеснат сообраќајот. Сепак, понекогаш се создаваат метежи, а многумина велат дека возачите не ги знаат правилата.
Неодамна, веб-страницата „Index.hr“ објави текст од фејсбук-страницата „Полиција запира“ и настана општа расправија.
Кој навистина има предност?
Според сообраќајниот аналитичар Жељко Марушиќ, предност има синото возило и треба да се почитува правилото на десната страна. Како што објаснува тој, фотографијата е правилно означена, односно црвеното возило нема предност. Предност има синото возило бидејќи црвеното возило од внатрешната лента во кружниот тек може да се префрли во надворешната само кога со тоа не го загрозува возилото во надворешната лента.
- Ако, како во конкретниот случај, возилото од внатрешната лента планира да ја пресече надворешната за да излезе од кружниот тек, важи правилото на десната страна и треба да го пропушти возилото во надворешната лента што му доаѓа од десната страна. Во двата случаи нема предност и треба да се вклучи десниот трепкач. Истото важи и за излегувањето од кружниот тек на возилата од внатрешната лента - додава тој.
Во двата случаи, возилото од внатрешната лента нема предност и треба да го користи десниот трепкач, објаснува експертот.
Извор:
Citymagazine.danas.rs
Фото: Freepik