X
 04.10.2021 Живот

8.200 ученици ќе бидат тестирани за ковид-19

Со согласност од родителите, учениците во основните училишта од прво до петто одделение, како и од шесто до деветто одделение и учениците од средните школи ќе бидат тестирани за присуство на вирусот ковид-19. Во методологијата се опфатени околу 8.200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици. Планирано е скринингот да трае 5 дена и дневно да се тестираат по околу 800 деца, во самите училишта каде што мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите.

Учениците ќе се одбираат по случаен избор од регистарот на Е-дневник, а родителите ќе треба да потпишат согласност за учество на тестирање на децата. Доколку некој од родителите одбие, ќе има заменски примерок од каде што ќе се избира следното дете за тестирање - изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Децата од посебните училишта и училиштата каде што просечниот број на ученици во одделение е помал од 10, ќе бидат исклучени од овој процес од причина што станува збор за помали рурални места каде што учат многу мал процент од сите ученици и во места каде што инциденцата на вирусот е многу ниска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот