Веќе неколку месеци ќерка ми сака постојано да биде гола. Ќе ѝ текне, ќе почне да се соблекува и нема шанси да ја облечам. Доаѓа од градинка и бара да се соблече. Плаче, се треска од земја, ја тегне облеката, и тоа трае неколку часа. Само што ќе се појавам со облека, одма вика дека не сака и се лепи за земја. Претходно имавме проблем со фустани, палта и чорапи, ама ова сега што сака да биде гола е премногу. Топло ни е дома, ама не за да биде 3 часа гола. Смрзната е, а не сака да се облече. Не покажала алергија на ништо, ама и така сѐ е памучно и приближно истата облека ја користиме. Папучите за во градинка моравме да ги смениме со исти такви, ама поголеми, исто и палтото и слично. Ве молам за совет!
Одговорот од психолог прочитајте го на
Деца.мк.