X
 05.03.2021 Живот

Пред 60 години не можел да го доврши факултетот, па сега донира 20 милиони долари за да им ги исполни соништата на студентите

Иако многу неверојатни мажи и жени немаат факултетски дипломи, нивните достигнувања често зборуваат сами за себе. Сепак, пристапот до високо образование може да биде чекор напред на патот кон успехот.

Честа е ситуацијата маргинализираните студенти кои традиционално се соочуваат со финансиски пречки за добивање дипломи да се дават во долгови до моментот кога ќе дипломираат.

Малкумина ги знаат овие предизвици, но најдобро ги знае Калвин Тајлер, кој пред шест децении ги напуштил своите факултетски соништа, кога школувањето станало прилично скапо.

Во 1961 година Тајлер се запишал на отсекот за деловна администрација на државниот колеџ „Морган“ (денес државен универзитет „Морган“) во Балтимор. Кога неговите средства пресушиле во 1963 година, една година пред да дипломира, тој се вработил како возач во компанијата „Ју-пи-си“ (United Parcel Service).

Недостигот на факултетска диплома можеби некои го сметале за назадување, но тоа не го одвратило Тајлер да стане успешен човек. До пензионирањето во 1998 година, Тајлер бил виш потпретседател на операции на САД и бил дел од бордот на директори на „Ју-пи-си“.

Напорната работа се исплати, но тој знаел дека во деловниот свет, неговата приказна е исклучок, а не правило. Така, во 2002 година, тој и сопругата го основале Фондот за стипендии „Калвин и Тина Тајлер“ за доделување стипендии на Универзитетот „Блек“.

1
Фото: Morgan State University

Во 2016 година тие ја подигнале границата, со што во фондот донирале 5 милиони долари. На почетокот од оваа година тие го соборија сопствениот рекорд, со 20 милиони долари за стипендии.

Тајлер вели дека тој и неговата сопруга го виделе влијанието што го имала ковид-кризата врз студентите кои се бореле со затворањето на финансискиот јаз, па сакале да им помогнат.

- Ова е причината зошто ја зголемуваме нашата посветеност. Сакаме да имаме повеќе стипендии за целосна школарина за младите, така што тие да можат да завршат факултет и да влезат во следната фаза од живот без долгови - вели тој.

Можеби Калвин Тајлер нема факултетска диплома што ќе ја закачи на ѕидот, но дефинитивно заработи напредна диплома за дарежливост и добрина, а тоа е еден курс на студии од кој сите можеме да научиме.

Извор: Good News Network
Фото: Morgan State University
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот