X
 05.07.2024 Живот

И седмоодделенците ќе имаат учебници од септември, МОН и БРО најдоа преодно решение

По неколкудневни разговори, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието изнајдоа решение за непречена реализација на воспитно-образовниот процес за учениците од седмо одделение. Од септември тие ќе можат да ги користат учебниците кои се применуваа досега, со додатни материјали кои ќе бидат изработени од страна на Бирото за теми што недостигаа во нив, а предвидено е да се изучуваат годинава. За оваа цел е донесена и одлука за одложување на имплементацијата на Концепцијата за основно образование во седмо, осмо и деветто одделение.

Предизвикот со генерацијата ученици кои од септември ќе бидат седмо одделение настана поради тоа што досега не беа изработени нови учебници согласно новите наставни програми и Концепција, пишува во соопштението од МОН.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот