X
 30.11.2021 Живот

МОН: Прв дигитален саем за средно стручно образование

Денеска и утре првпат во Македонија се одржува дигитален саем за средно стручно образование. Околу 19.000 деветтоодделенци се очекува да бидат дел од овој уникатен настан, чија основна цел е учениците навремено да се информираат за она што го нудат средните училишта во земјава.

Истовремено, како што информира Министерството за образование, тие ќе се запознаат со можностите за стипендирање, наставните програми, практичната настава, но и кои се придобивките и предностите од средното стручно образование.

Дигиталниот саем го организира проектот Образование за вработување во Македонија и Македонскиот центар за граѓанско образование, со поддршка од Министерството за образование и наука и Амбасадата на Швајцарија во земјава.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот