X
 05.08.2025 Живот

Купи куќа, добиј пасош - Карибите стануваат нов „план Б“ за богатите

Пет островски држави - Антигва и Барбуда, Доминика, Гренада, Свети Кристофер и Невис и Света Луција нудат државјанство преку инвестиции, најчесто преку купување недвижности во вредност од најмалку 200.000 долари.

Овие држави дозволуваат двојно државјанство, а нивните пасоши овозможуваат безвизен пристап до дури 150 земји во светот, вклучувајќи ги шенгенската зона и Обединетото Кралство (со исклучок на Доминика). Најголем број заинтересирани доаѓаат од САД, каде што политичката и општествената нестабилност ја зголемуваат побарувачката за т.н. „безбеден пасош“.

Слобода на движење и даночни поволности

Инвеститорите не се водат само од слободата на патување, туку и од даночните олеснувања. Во многу случаи нема данок на капитална добивка, наследство, па дури ни на приход. Иако поголемиот дел од сопствениците не планираат да се преселат, сè повеќе Американци купуваат имоти со намера да имаат резервна опција, односно свој „план Б“.

Значителен приход за островските економии, но и критики од Западот


Овие програми носат значителен приход за локалните економии, во некои случаи дури до 30 отсто од БДП. Сепак, тие предизвикуваат меѓународна загриженост. Европската Унија и САД предупредуваат на можности за перење пари и загрозување на безбедноста. Поради тоа, островите воведоа построги проверки, задолжителни интервјуа и заеднички надзорен орган.

И покрај контроверзиите, сѐ повеќе луѓе го гледаат купувањето на пасошот како билет кон побезбедна и постабилна иднина.

Извор: bizlife.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот