X
 05.09.2026 Живот

Се гради најголемиот паркинг во светот - ќе може да прими 32 илјади автомобили одеднаш

Меѓународниот аеродром „Вашингтон Далес“ во Вирџинија, САД, во следната деценија планира обнова вредна 22 милијарди долари, во чии рамки ќе се обноват и изградат околу 464 илјади квадратни метри простор.

Во рамките на овие планови спаѓа и изградбата на повеќекатна гаража со дури 32.000 места, која ќе биде најголема во светот. Паркинг-гаражата би требало да се наоѓа во близина на главниот терминал на аеродромот, а потенцијално би можела да биде висока и до 15 ката.

Титулата за најголем паркинг за автомобили моментално ја има паркингот во трговскиот центар „Вест Едмонтон мол“ во Едмонтон, Канада, кој може да прими 20 илјади возила. Таа титула ја потврди и Гинисовата книга на рекорди и ја носи од 18 септември 1981 година.

Ако случајно дојдете до „Вест Едмонтон мол“ во Канада и не најдете паркинг-место, во непосредна близина на шопинг-центарот се наоѓа дополнителен паркинг кој може да прими уште 10 илјади автомобили.

Извор:punkufer
Фото: фесјбук

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот