X
 10.06.2016 Образование

Колку вреди факултетската диплома за американските студенти?

Студентите во САД плаќаат илјадници долари во враќање на долговите кои ги позајмиле за да се запишат на студии. Многу истражувања покажуваат дека високото образование е потребно за просечен живот.


Но, нова анкета спроведена на американските дипломци покажува дека високото образование не ги подготвило за работа. Ова е главното откритие од третата годишна анкета „Career readiness survey“.

Анкетата открива и дека мажите и жените не се чувствуваат исто подготвени, како и дека научниците и математичарите се поголеми оптимисти отколку дипломците во областите на уметностите и општествените науки.

Резултатите покажуваат дека младите не го добиваат она што го очекуваат од високото образование, кое станува се' поскапо во САД. Според официјалните статистики, студентите на државните колеџи плаќаат помалку за школарина и книги отколку студентите во четиригодишните факултети. Дури 62% од дипломците би одбрале различни студии доколку не требале да плаќаат за школарината. Студентите сакаат факултети кои ќе им понудат повеќе можности за да се подготват за работа.

Според експертите, статистиките се симптоми на поголем проблем кој има корени од 1980-те: Како што средношколската диплома станувала помалку вредна на пазарот на труд, студентите го гледале факултетот како тренинг за работа, но факултетите ја виделе нивната мисија да им помогнат на студентите да го искористат знаењето за да го подобрат квалитетот на својот живот.

Како резултат, високото образование „речиси не троши енергија за префрлање од факултет на пазарот на труд“, сметаат тие.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование