X
 05.10.2021 Образование

Американскиот универзитет на Европа - ФОН со нови професори од САД и од Канада

Зголемен интерес за студирање на прв циклус на студии, голем број студенти избраа модерно, квалитетно и либерално образование, да учат од професори кои секогаш ќе бидат достапни за нивните прашања и да се стекнат со знаења, вештини и компетенции препознаени и признати во нашата земја и странство, изјави ректорот на АУЕ ФОН, проф. д-р Мирко Трипуноски, кој во своето обраќање им посака добредојде на новата генерација студенти, на првиот академски час за новата генерација на студенти во 2021/2022 година.

На првиот академски час се обрати и Канаѓанецот и универзитетски професор Роберт Артур, кој е задолжен за имплементација на Американскиот систем на АУЕ ФОН. Професор, кој работел на американски универзитети повеќе од 20 години, на новата генерација студенти им презентираше дел од стратешката подготвеност за имплементација и внесување новитети во образованието и имплементацијата на повисоки критериуми и вредности.



Свое обраќање имаше и д-р Вера Сотировска, една од оние кои АУЕ ФОН ги врати од САД во нашата држава, корисник на фулбрајт-стипендија и нововработена на АУЕ-ФОН. Нејзиното искуство од работењето на универзитетите во САД ќе биде од големо значење за АУЕ ФОН и за предностите на американскиот образовен систем и нивната имплементација, која е значајна бидејќи обезбедува широк спектар на можности за личен, професионален и академски развој на студентите. Индивидуалниот пристап, критичко и холистичко размислување се уште еден интересен аспект на американскиот образовен систем.

Добредојде на новите членови на нашето големо академско семејство им посака и генералниот менаџер м-р Сефер Цаноски. Можности за напредување, програмата работи и учи, програмата финансиска поддршка и сите други новитети на Универзитетот кои се во чекор со модерното светско образование, се можности кои се реалност и кои се достапни за сите наши студенти, истакна во својот говор.

Издвојуваме

Образование