Во рамките на тековниот семестар од академската 2025/2026 година започна уште еден динамичен циклус на Отворена пракса со користење на пристапот МултиКреација (создаден од професори на УКЛО), со учество на 45 студенти, двајца професори, два партнерски универзитети и три општини – Битола, Прилеп и Вентспилс (Латвија).
Иницијативата претставува вистински пример за иновативна соработка и учење преку работа, каде што теоријата и практиката се спојуваат во вистинско образование во движење.
Преку Алијансата КОЛОРС, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Ventspils University of Applied Sciences (VUAS) ги отвораат вратите за размена на знаење, искуства и инспирација меѓу студенти и ментори од две држави. Со оваа програма студентите добиваат можност да учат, создаваат и да истражуваат во вистинска средина – од локалните заедници во Македонија до интернационалната соработка со Латвија, и обратно.
Целта е едноставна, но моќна – да се поттикне активно учење преку реални задачи, локални предизвици и креативни решенија што ги обединуваат академијата и заедницата.
Кратко - и за генезата на ваквиот пристап. Професори на УКЛО изминатава декада работеа на научно позиционирање и експериментални апликации на овој пристап и го нарекоа MultiCreation: Multi-stakeholder problem driven approach, низ активностите со Interworks компанијата, потоа УКЛО за заедницата со основните училишта од Битола и Прилеп, Одржливо управување со отпадот во соработка со граѓанскиот сектор преку проектот „Одржлива чистота“, Бизнисот со академијата со iSource, Маркетинг-стратегии со компанијата Каре Македонија, Web4Yes со алумни-асоцијацијата на Западен Балкан и други инстанции каде што соработуваа професори, студенти и предмети од Економскиот факултет - Прилеп, Техничкиот факултет - Битола, Факултетот за информациски и комуникациски технологии - Битола со многубројни партнери од државата и Балканот. Нивните научни трудови, како и
поглавјето кое ги сублимираше искуствата и го предложи моделот на дејствување, како градбен дел на КОЛОРС алијансата, сега веќе влегуваат во нејзините процеси кај сите партнери. Проблемски-ориентираното учење низ пракса во наставата не е лесно - напротив, претставува комплексност низ која потребно е да се дизајнира, инструира и навигира цел систем од студенти, професори, соработници, партнери, универзитети, предавања, вежби, часови (вклучувајќи ја и временската разлика), тимови, инструкции, Moodle платформа
Classroom, канали на комуникација, јазици, преводи, логистика итн. Но, ефектите што ги има процесот и неговиот исход за студентите, за корисниците, за вмрежувањето и соработката помеѓу универзитетите се бесценети и на патот кон универзитетот на иднината.
Според проф. д-р Рената Петревска-Нечкоска, проф. д-р Снежана Обедниковска, проф. д-р Моника Ангелоска-Дичовска, проф. д-р Марјан Ангелески, проф. д-р Анета Ристеска-Јанкулоска и доц. д-р Емилија Ѓорѓиоска од Економскиот факултет – Прилеп, проф. д-р Даниела Колтовска Нечоска од Техничкиот факултет – Битола, како и проф. д-р Мимоза Богданоска-Јовановска од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, заедно со уште неколку други професори вклучени во новата етапа на учење преку работа – резултатот е создавање на една извонредна Алијанса што ги поврзува едукацијата, иновацијата и општествениот развој. Оваа Алијанса ги отелотворува вредностите во духот на КОЛОРС, кои се согледуваат во спојот на креативноста, интернационалната соработка и заедничкото учење, поттикнувајќи ги општествената одговорност и иновативниот дух на младите.
Комплементарно на ова, во рамките на истата категорија на отворени практикантства, наречена Hands On Projects (HOP), се реализира заеднички петнеделен практикантски проект во наставата со Агробиотехничкиот факултет од Загреб, организиран од страна на Универзитетот Осиек, Хрватска, КОЛОРС партнер и УКЛО. Професорката Елена Јошевска од Факултетот за биотехнички науки ги менторираше своите студенти во соработка со партнерите, на предизвикот ‘Влијание на климатските промени на биодиверзитетот и одржливото производство на храна за луѓе“, при што студентите и во двата проекти добиваат и официјални сертификати со број на ЕКТС кредити за практичната работа која има можност да ја слушаат и да ги реализираат предвидените активности, потврда за пракса, покана за учество на хакатон и студентска конференција и многубројни други можности.
Разликата што ја носи Алијансата во предавањата и практикантствата е клучна - се работи на проблемски-ориентирани проекти или предизвици идентификувани од реалноста, професорите ги водат и адаптираат предавањата, вежбите и проектните задачи за студентите да учат преку работа на конкретните проблеми и во соработка со реалните стејкхолдери, пред кои го презентираат и патот и сработеното и предлог-решенијата. Покрај овие придобивки, академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, професорката Рената Петревска Нечкоска, посочува дека на овој начин, преку проблемски-ориентираното практично учење кое се вградува во студирањето, со вклучени стејкхолдери и европски партнери - трасираме апликативност и коеволуција.
(Комерцијална објава)