X
 05.12.2020 Живот

Монтажна куќа што може да се состави за помалку од 3 часа

Воведувајќи сосема нов вид „достава до дома“, овие монтажни кабини на компанијата „Брет Хаус“ буквално можат да бидат доставени до вашата локација.

За само 3 часа домот е поставен на место, „оддиплен“, претворајќи се од еден чуден картон во кабина со површина од 2 до 4 квадратни метри (во зависност од варијантата на кабината).

1

1

За секоја кабина потребни се околу 8 недели за изработка. Таа е целосно јаглерод-неутрална, водоотпорна и е направена од одржливо вкрстено ламинирано дрво. Нема потреба од трајна основа; кабините лесно можат да се расклопат на каква било рамна земја пред да се прицврстат. Зглобовите на кабината можат да преживеат до 100 циклуси на преклопувања (што значи дека можете да ја носите на повеќе локации), а „Брет Хаус“ нуди и дополнителни додатоци, како резервоар за отпадоци и комплет соларни панели, овозможувајќи ви да живеете удобно, подалеку од цивилизацијата ако сте уморни од човечката раса по оваа исцрпувачка година.

Извор: Yankodesign.com
Фото: Screenshot/YouTube/Brette haus
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот