X
 06.04.2020 Култура

Над 200 бесплатни филма на онлајн-видеотеката Cinesquare.net

Повеќе од 200 бесплатни филма можете да следите онлајн преку домашната онлајн-видеотека Cinesquare. Проектот го реализира дистрибутерската куќа „Катавеј“ од Скопје и се приклучи во кампањата #СедиДома.

Во време кога вратите на кината остануваат затворени и препораките се сите да останат во своите домови во обид да се спротивставиме на ширењето на коронавирусот, до крајот на месецот преку платформата Cinesquare нудиме бесплатни играни долгометражни филмови, документарци и кратки филмови за сите корисници во 13 територии.

Само регистрација на cinesquare.net или на андроид-апликацијата достапна на „Гугл плеј“ е доволно да се пристапи кон бесплатните содржини во оваа понуда.

Колекцијата е достапна како резултат на добрата соработка со голем број дистрибутери и продуценти за да се одговори на потребите и очекувањата на публиката во овој тежок период и квалитетно да се исполни дел од  времето дома преку содржини кои не се дел од каталогот на глобалните играчи, како и да придонесе против ширењето на вирусот.

Не е заборавена ниту најмладата публика, за која се достапни филмови со превод, како и синхронизирани филмови, меѓу кои и на македонски јазик. Освен ова, платформата во соработка со Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ го направи бесплатно достапен и детскиот каталог со промотивен код.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура