X
 21.06.2026 Технологија

Како да дознаете кој го пребарува вашето име на интернет

Иако „Гугл“ не го открива идентитетот на луѓето што го внесуваат вашето име во пребарувачот, постојат едноставни и бесплатни алатки што можете да ги користите за сигурно следење каде и кога вашето име се појавува на интернет.

Една од наједноставните алатки е „Гугл алармс“, на која се пријавувате со својот гугл-профил. По најавувањето, го внесувате вашето име во наводници во полето за пребарување, а потоа поставувате „Гугл“ да ве известува веднаш штом вашето име ќе се појави на некоја веб-страница, форум или во јавно достапна база на податоци.

Ова е најбрзиот начин да дознаете кога вашето име е споменато на интернет и, доколку е потребно, навреме да реагирате.

„Линкдин“

„Линкдин“ ви овозможува да видите кој го прегледал вашиот профил. Тоа може да биде особено корисно во професионален контекст бидејќи може да покаже кој е заинтересиран за вас поради деловни можности, вработување или вмрежување. Иако податоците не се секогаш целосни, тие можат да дадат добар увид во тоа кој го следи вашиот професионален развој.

„Гугл срч конзола“

„Гугл срч конзола“, доколку имате лична веб-страница, портфолио или блог, исто така може да биде многу корисна алатка бидејќи покажува кои клучни зборови и фрази луѓето ги користат за да стигнат до вашите страници.

Оваа алатка не го открива идентитетот на посетителите, но може да покаже што ги интересира луѓето во врска со вас и колку често вашето име се појавува во пребарувањата.

Со примена на овие едноставни чекори можете подобро да ја контролирате својата дигитална трага, навреме да забележите несакани споменувања и полесно да ги заштитите приватноста и репутацијата.

Извор: Nova.rs
Фото: Pixabay

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија