X
 06.05.2020 Култура

Македонските музичари со видео за Светскиот ден на хармониката

Македонското здружение на хармоникаши „Љубители на класичната музика“ од Скопје денеска со видео го одбележува 6 Мај – Светскиот ден на хармониката. Здружението е член на Светската унија на хармоникашите од 2001 година и е еден од иницијаторите за одбележувањето на овој ден, кој се одбележува од 2009 година.

Причината токму овој ден да биде прогласен за ден на хармониката е датумот на кој во 1829 година првпат е патентиран инструментот.

Здружението по овој повод секоја година, почнувајќи од 2009 година, организира свечен концерт на кој настапуваат реномирани уметници од земјата, како и ученици и студенти од класата на проф. Зорица Каракутовска.

- Со цел да не ѝ останеме должни на нашата верна и ценета публика, која со нетрпение го очекуваше овој концерт годинава, решивме да снимиме една кратка нумера и да го одбележиме роденденот на хармониката на малку поинаков начин - велат од Здружението.

Издвојуваме

Култура