Пред неколку години корисник на платформата „Редит“ го поставил прашањето до Нил де Грас Тајсон: „Кои книги треба да ги прочита секоја интелигентна личност на планетата?“
Подолу, ќе го најдете списокот со книги што го нуди астрофизичарот, директор на „Хајден Планетариум“ и популаризатор на науката. Во некои случаи има и линкови до бесплатните изданија на книгите.
1.) Библија (
е-книга) - „Да научиме дека е полесно да ни се каже од други што да мислиме и да веруваме отколку што е да размислиме сами“.
2.) „Системот на светот“ од Исак Њутн (
е-книга) - „Да научите дека универзумот е место кое може да се набљудува, дознае, научи“.
3.) „За потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин (
аудио книга) - „Да научиме за нашата сродност со целиот живот на земјата“.
4.) „Патувањата на Гуливер“ од Џонатан Свифт (
е-книга) - „Да се научи, меѓу другите сатирични лекции, дека поголемиот дел од времето луѓето се дивјаци“.
5.) „Ерата на разумот“ од Томас Пајн (
е-книга) - „Да се научи како моќта на рационалната мисла е примарен извор на слобода во светот“.
6.) „Богатството на нациите“ од Адам Смит (
аудио книга) - „Да се научи дека капитализмот е економија на алчноста, сила на природата за себе“.
7.) „Уметноста на војната“ од Сон Цу (
аудио книга) - „Да дознаете дека чинот на убивање на луѓето може да се покрене на ниво на уметност“.
8.) „Принцот“ од Макијавели (
е-книга) - „Да научиме дека луѓето што не се на власт ќе сторат сé што можат за да ја стекнат, а луѓето на власт ќе сторат сé што можат за да ја задржат“.
-Ако ги прочитате сите горенаведени дела, ќе соберете длабок увид во повеќето од она што ја водеше историјата на западниот свет – заклучил Тајсон.
Фото: Wikipedia