X
 20.06.2017 Технологија

Човекот кој ни овозможува да го видиме и невидливото

човек
Фото: Alamy

Брајан Харпер не е задоволен со состојбата на мојот дом. Дoдека го подигнува аголот од малиот тепих во бањата, тој извикува кога го гледа она што се наоѓа под него: фали дел од подот. На таблетот кој покажува термичко видео во живо, добиената ладна крпа е темно виолетова. Харпер ја проценува енергетската ефикасност на мојто дом - и таа е под нивото.

Намалувањето на енергијата која ја користиме во нашите домови е од витално значење ако општествата ги намалат глобалните емисии од фосилни горива. Технолошкиот напредок во обновливите извори ќе биде од помош, но нема да ги даде сите одговори. Затоа, вели Харпер, кој развил техника за рано термичко снимање за војската пред речиси 50 години, го истражува мојот полу-одвоен викторијански дом во Бристол. Неговата реакција на мојот под, реализирајќи дека постои загуба на топлината на екранот ги нагласува потенцијалните врски помеѓу мојата студена, слабо изолирана соба и нашата голема сметка за гас.

Можноста да се направат термички слики датира од 1929 година кога унгарскиот физичар Калман Тихани ја измислил првата камера со чувствителна инфрацрвена слика. Инфрацрвената е форма на електромагнетно зрачење што луѓето не можат да го видат, но можат да ја почувствуваат топлината. Колку е потопол објектот, толку повеќе инфрацрвено зрачење ослободува.

Британските научници играле водечка улога во развојот на современите технологии за топлинска обработка, најчесто оние кои работеле во Кралскиот радарски завод во Вустершир, каде Харпер започнал како практикант во 1967 година.

Директорот на училиштето, ја известил мајката на Харпер дека тинејџерот, кој долги часови ги поминувал во градината создавајќи и измислувајќи нешта, не бил студентски материјал. Но, оценувачите од Кралскиот завод биле повеќе од среќни да го земат 15 годишниот генијалец.

Во раните 1970-ти, сензорите кои биле користени во инфрацрвените камери морале да се оладат на -200 степени, обично со течен азот, со што станувале големи и скапи. Харпер станал дел од еден мал тим кој работел на пониска резолуција, но повеќе пренослив систем кој нема да се лади.

Групата адаптирала технологија на телевизиска камера која произведува сигнали за емитување на зрак од електронски скенирања преку слика во вакуум цевка. Со заменување на слојот за чувствителноста на светлината со елементи изработени од триглицерин сулфат, тие развиле пренослив термички фотоапарат. Овој апарат подоцна започнале да го користат пожарникарите за да гледаат низ чадот на воените бродови.

Откако ја напуштил војската во 1980 година, Харпер развил пренослива термовизиска камера која не морала да се лади, наречена „Starsight“, која мерела температура. Се користела за многу нешта: откривање на оштетување на електрична опрема, контрола на квалитетот на производна линија, медицинска дијагноза, па и фаќање на шверцери со дрога.

foto
Фото: Alamy

До крајот на 90-те, Харпер се заинтересирал за нешто други: идејата за изградба на домови делумно подземно за намалување на употребата на енергија. Тој го искористил неговиот дом на ридот на Вустершир за неговиот прв експеримент.

Денес, тој сè уште живее и работи во она што може да се нарече архетипска ексцентрична јама. Под неговиот дом се наоѓаат шест подземни работилници со стругови, плазма секачи, теодолити, 3D печатари, конзерви за шишиња и купишта сетови научни списанија. Двајца асистенти наведнати на електронските кола, напорно работат.

Харпер станал свесен за потенцијалот за енергетска ефикасност на термичките слики кога работел со шема за изградба на експериментални, нискоенергетски куќи во 70-те. Додека ги градел неговите подземни работилници, тој станувал сè повеќе заинтересиран за зелена зграда и други напори за намалување на емисиите на јаглерод.

Тој извршил истражувања за енергетска ефикасност во Девон и Малверн заедно со телевизискиот продуцент Мајк Ендрјус и софтверскиот инженер Џереми Брех. Нивниот прв потег бил да се развие „Heatview“, интерактивна мапа од Бристол која го прилагодува „Google Street View“ за да им даде на корисниците термички слики од предниот дел од нивните домови.

„Луѓето сметаат дека концептот на енергија е тешко да се визуелизира и сфати“, вели генералниот менаџер на проектот, Ендрјус. „Мојот оригинален инстинкт - дека гледањето е верување се покажа особено вистинито во овој случај“, додава тој.

Додека се поставувал проектот, психолози од Универзитетот во Плимут го истражувале истото прашање. Нивното истражување од 2014 година покажало дека домаќинствата кои добиле внатрешни топлински слики од своите домови имале 4.9 пати поголеми шанси да направат проверка во нивните домови.

Во првата фаза на пилот проектот, во зимата 2015/16, жителите на Бристол биле замолени да ги загреат нивните домови во текот на ноќта. За време на истражувањата, воздухот во домовите бил издуван од предните врати со огромен вентилатор за да се зголеми протокот на ладниот воздух низ празнините. Проблемите како дупки во изолацијата на покривот, лоша дограма и проблеми со подното греење биле истакнати на таблетот кој учесниците го гледале додека го придружувале истражувачот низ куќата. Според повиците, 73% од учесниците презеле некоја акција во рок од 3 месеци, а 94% од нив рекле дека планираат да извршат понатамошна работа.

Овој проект не бил единствениот напор да се поттикнат домаќинствата за да направат енергетски ефикасни промени. Но, голем дел од шемите предводени од владата не успеале да ги задоволат очекувањата.

Во 2013 година, британската влада го лансирала „Green Deal“, кој нудел кредити за промена во енергетската ефикасност кои можеле да се вратат преку сметките за енергија, а преку фондот „Green Deal Communities“ локалните власти нуделе понатамошни стимулации. И двата проекти биле укинати.

Досега, проектот на Харпер извел околу 110 истражувања во текот на две зими.

„Во рок од 5 години се надевам дека ќе имаме 10 до 20 градови кои ќе извршат внатрешни термални истражувања. За една деценија, ако сето ова биде направено како што треба, би можеле да имаме големо влијание врз енергетската ефикасност“, вели Харпер.

„Мора да ги едуцирате луѓето на ниво на заедницата за намалување на нивните трошоци и подобрување на нивната удобност, за размислувањето за енергијата да влезе во нивната природа. Како резултат, може да ги просветлите луѓето и значително да ги намалиме јаглеродните отпечатоци“, вели тој.

Автор: Ник Флеминг
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија