X
 06.08.2018 Економија

Колку заработуваат балканските инфлуенсери?

Летен фустан извезен со егзотични цвеќиња од брендот „Фешн Машин“, „Јамамеј“ костум за капење, часовници и торби од скап бренд. Загреб, Лондон, Амстердам, Кападокија, Санторини, Милан,  Њујрок. Новиот „Шанел 5“, „Есте Лаудер“, „Сигнал“.

Мода, патувања и козметика. Сето ова убаво презентирано на прекрасни фотографии, ефективни видеа, информативно-симпатични блогерски објави и добро смислени инстаграм-постови.

Иако најчесто со ознака „Спонзорирано/Реклама“, животот на Соња Коваќ, една од највлијателните инстаграм-инфлуенсери, со 309.000 пријатели, не е далеку од идила. Особено ако фрлите поглед на ценовникот на нејзините услуги што наводно случајно и сосема кратко ги поставила на нејзината инстаграм-приказна.

Сепак недоволно кратко за да не се прошири на интернет како прв доказ за висината на заработката на инфлуенсерите на Балканот. Претходно само се шпекулираше за тоа колку на „Инстаграм“ може да се заработи со рекламирање на разни брендови, а сега се чини дека сѐ е јасно.

Ценовникот што ја шокира јавност беше упатен до потенцијалните деловни партнери на 34-годишната блогерка и поранешна актерка, најпозната по улогата во хумористичната тв серија „Засекогаш соседи“. Минималната цена за објава на нејзиниот блог „XOXO Sonja-Fashion“ и „Style blog by Sonja Kovač“ е 950 евра, а една наградна игра наплатува околу 1.200 евра.

Вкупната цена за пакет услуги, во кој се содржи една објава на блог и една наградна игра, за три месеци чини 8.300 евра, односно 6.950 евра со попуст. А како бонус за избирање на долгорочен пакет, Соња нуди гратис четири објави на „Инстастори“ со линк до производот за директно купување. Иако не е целсно познато кои услуги се во споменатиот пакет, јасно е дека станува збор за ексклузивна и скапа понуда бидејќи Соња понуди и поевтина алтернатива за истиот период во траење од три месеци, чија цена е пониска за скоро половина износ. Како што стои на објавената фотографија: една месечна објава (веројатно на блогот), три постови на „Инстаграм“ и шест објави на „Инстаграм стори“ чинат 2.600 евра. Еден „Јутјуб“ влог во кој Соња зборува само за вашиот бренд чини 880 евра, и наградна игра на „Инстаграм“ изнесува 4.700 евра заедно со две дополнителни објави на „Инста стори“ како подарок.

Бидејќи станува збор за високи цифри, постои можност за плаќање на рати.

Прикриено рекламирање

Бизнисот со кој Соња се занимава е доста раширен и е познат по терминот „инфлуенсер маркетинг“ што влијателниот „Форбс“ го дефинира како односот помеѓу брендот и инфлуенсерот.

-Инфлуенсерот промовира производи или услуги од бренд преку различни медиуми како „Инстаграм“ и „Јутјуб“. Обично поседуваат знаење или искуство за она што го огласуваат - пишува „Форбс“.

Сигурно Соња на месечно ниво заработува со неколку различни брендови за кои јасно укажува дека е спонзорирана содржина. По слободна проценка, земајќи го во предвид објавениот ценовник, голема е веројатноста месечно да заработува минимално 6.700 евра, ако не и повеќе.

Овој маркетинг на Балкано заживеа пред три години, но вистински бум доживеа во 2017 година. Она што за многумина на почетокот било хоби, се претворило во успешен бизнис. Ниту една рекламна кампања денес не може да успее без инфлуенсер, така што скоро сите агенции соработуваат со нив.

Реални цени

Дека на „Инстаграм“ инфлуенсерите се сериозна алатка за промоција зад кои стојат огромни пари, потврдува и влогерката за животен стил, Маша Зибар, која стои зад профилот „mashinthebeauty“, и моментално на „Инстаграм“ ја следат 71.600 луѓе.

-Имам фиксен ценовник кон кој се придржувам, бидејќи не сакам да дојде до гласини дека некогаш со некој сум преговарала околу цената. Единствено попустите доаѓаат во предвид ако станува збор за долгорочен ангажман - објаснува таа.

Околу 8.000 евра месечно заработува и модната блогерка Марија Никшиќ, која на својот инстаграм-профил „Ormarija“ има повеќе од 19.000 следбеници во само една кампања. Како што вели, од хобито направила работа што ја сака.

Рекламните агенции не прават еднократни објави, туку само поголеми пакети во период од три месеци, половина година или една година. Инфлуенсерите потпишуваат договор во кои гарантираат дека во текот на траењето на ангажманот, времето нема да го користат или да рекламираат друг производ, така што мораат да останат верни на еден бренд подолго време. Ова придонесува за кредибилитетот кај следбениците. Освен кредибилитетот, изборот на инфлуенсерот за соработка со брендот зависи и од бројот на следбеници. екламните агенции велат дека во некои случаи на клиентите само им е важен бројот на следбеници. Најмногу се ценат инфлуенсери со 12.000 до 15.00 активни следбеници и тоа се микроинфлуенсери.

-Пакет од еден блог-пост, три „Инстаграм“ објави и четири до пет инстаграм-приказни е од 300 до 500 евра - вели Ирис Хазлер Шанко, 32-годишна новинарка и инфлуенсерка зад профилот „gladdenova“. Таа има повеќе од 17.600 следбеници. Во Австрија просечната цена на инстаграм-постовите се движи од 650 до 3.000 куни.

Микро и макроинфлуенсери


Кај инфлуенсерите со помал број на следбеници клучот е верната публика каква што има Ирис бидејќи како и повеќето домашни микроинфлуенсери, прво започнала со блог. Така добила публика што продолжила да ја следи на „Фејсбук“, а потоа и на „Инстаграм“. Овие инфлуенсери се многу повеќе ценети од оние кои блогот го направиле за потребите на „Инстаграм“ славата како дополнителен момент.

Во рекламните агенции микроинфлуенсери се сметаат оние профили со 5 до 20.000 следбеници, додека макроинфлуенсери се оние со 50.000 и повеќе инфлуенсери.

Следбеници можат и да се купат.

-За 100 долари можат да се купат 100.000 следбеници - објаснува Хазлер Шанко.

„Инста Чек“, „Клеар“, „Тракар“ се корисни алатки со кои можете да проверите дали пријателите се купени само за да се прикаже голема бројка или се вистински.

Иако 8.000 евра е голема заработка за балкански можности, Соња Коваќ е далеку од светските инфлуенсерки богаташки како реалната ѕвезда Кајли Џенер, која е најплатена инфлуенсерка на „Инстаграм“. Таа заработува милион долари за една објава. На врвот е и шминкерката Худа Катан која има 26 милиони следбеници на „Инстаграм“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија