X
 02.10.2020 Култура

Филмот со најголема заработка во 2020 е кинески и не сте слушнале за него

Минатата година кинескиот филм „Залутана земја“ (Wandering Earth) го освои светот. Сега, една година подоцна, нов кинески филм доминира на глобалната сцена во поглед на заработката.

Тоа е „Осумстотини“ (The eight hundred), воен филм во кој се прикажува борбата помеѓу кинеските и јапонските војници во 30-тите години. Тој стана филм со најголема заработка годинава откако го надмина „Доживотно лошите момчиња“ (Bad boys for life) на „Сони“.

Филмот моментално има оцена од 83% од критичарите и 79% од публиката на „Ротен томејтос“. Погледнете го трејлерот во продолжение.


Автор: Енди Мик
Извор: bgr.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура