X
 06.11.2021 Економија

Пазарот на криптовалути вреди повеќе од најголемите банки во светот

Целиот пазар на криптовалути вреди повеќе од најголемите 12 банки во светот откако цената на повеќе криптовалути достигна рокордно високи нивоа неделава.

Пазарната капитализација на сите криптовалути надмина 2,75 билиони долари, првпат во историјата. Најголемите 12 банки во светот имаат комбинирана пазарна капитализација од речиси 2,7 билиони долари.

Само биткоинот сега вреди повеќе од американски гиганти како „Мета“ (поранешен „Фејсбук“) и „Тесла“ бидејќи има пазарна капитализација од над 1,19 билион долари. За споредба, најголемата банка во светот, „Џеј Пи Морган Џејс“ има пазарна капитализација од 503 милијарди долари.


Фото: Pixabay

Вредноста на криптовалутите расте со месеци, а само од јули нивната вкупна вредност се зголемила за над 1,5 билион долари.

Биткоинот има најголема пазарна капитализација, но другите криптовалути придонесуваат за растот на вредноста на сите криптовалути. Пазарната капитализација на биткоинот сега сочинува само 40 отсто од целиот пазар, во споредба со 80 отсто пред 2017 година.

Во меѓувреме, само дел од банките во САД и во Европа нудат услуги со криптовалути.

Извор: Independent
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија