X
 07.04.2020 Живот

Јужнокорејската влада им испраќа здравствени пакети на граѓаните што се во карантин

Имајќи ги предвид неодамнешните настани во врска со пандемијата на коронавирусот, многу луѓе се прашуваат дали владите низ светот се справуваат доволно добро, што би можеле да направат подобро и слично. Луѓето ги споделуваат своите искуства на социјалните мрежи и разговараат за тоа какви мерки презеле владите на нивните земји. 

И покрај глобалните напори на меѓународните здравствени организации да им помогнат на земјите што имаат потреба, се чини дека некои напредни земји се неколку чекори пред нас. Јужна Кореја најде едноставен, но генијален начин да ги спречи луѓето што се во карантин да излегуваат од дома за да ги купат најпотребните работи.

2
Фото: Uvzxkwq

Корисник на социјалната платформа „Имиџр“ неодамна сподели фотографија од пакетот што јужнокорејската влада им го испраќа на граѓаните во текот на вториот ден од карантинот. Пакетот не само што содржи работи за одржување на хигиената и маски за лице, туку содржи и свежа храна.

- Се наоѓам во Јужна Кореја и имав контакт со позитивно лице на коронавирус. Веднаш бев известен од локалните власти и тестиран наредниот ден. Тестот беше негативен, но сепак бев советуван да бидам во 14-дневен карантин. Добив повик од службеник дека ќе ме проверува двапати на ден, секој ден, во текот на карантинот. Ми спомена дека ќе ми биде доставен пакет, за кој мислев дека ќе има само средства за дезинфекција на рацете и марамчиња. Но, згрешив. Пакетот содржеше и литература за најдобрите практики и итните мерки на владата за оние што не можат да работат и да добиваат плата. Мерките се движеа до 1.500 долари за петчлено семејство, што како додаток е прилично добро - пишува корисник на социјалната мрежа „Редит“.
- Искрено, начинот на кој владата се справува со целата ситуација е многу ефикасен, професионален и смирувачки. Ми дава надеж дека Кореја може да се справи со вирусот со агресивното тестирање во споредба со другите земји - додава тој.

3
Фото: Uvzxkwq

Во пакетот е вклучено и упатство за отстранување на отпадот, за потенцијално заразените луѓе да не го шират вирусот.

- Упатство за отстранување лица без симптоми на Ковид-19: Откако ќе ја наполните вреќата за отпад, ве молиме чувајте ја и користете антивирусен спреј за дезинфекција на торбата (најмалку еднаш на ден). Наполнете само 75 отсто од торбата, врзете ја цврсто и искористете спреј за дезинфекција. Треба да ја чувате торбата до крајот на карантинот и да го повикате бројот што ви е даден - тие ќе ја фрлат за вас - пишува во упатството.

3
Фото: Uvzxkwq

Пакетот содржи и писмо:

- На луѓето што во моментот се заразени со Ковид-19, им посакуваме побрзо закрепнување. Ви го испраќаме овој еко-здравствен пакет со земјоделски производи. Се надеваме дека ќе ви помогне да добиете енергија за вашата дневна рутина. Се надеваме дека брзо ќе закрепнете и наскоро ќе му се вратите на вашиот секојдневен живот. Го можете тоа! Напред, Јужна Кореја!

Извор: Bored Panda
Фото: Uyzxkwg/Imgur
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот