X
 07.04.2023 Наука

Откриен начин за лекување инфекции отпорни на лекови, без употреба на антибиотици

Научниците пронајдоа начин за лекување на кожната инфекција „златна стафилокока“ која ја имаат некои пациенти болни од рак, а честопати ја имаат и пациентите во болница, без употреба на антибиотици.

Истражувачите од Универзитетот во Копенхаген користеле синтетичка верзија на ензим природно произведен од бактериофаги (вируси кои ги инфицираат бактериите) и го употребиле за искоренување на „златната стафилокока“, во примероци од биопсија од луѓе со лимфом на кожата.

- За луѓето што се сериозно болни од лимфом на кожата, стафилококата може да биде голем, а понекогаш нерешлив проблем бидејќи многумина се заразуваат со вид стафилокока која е отпорна на антибиотици - објаснува имунологот Нилс Одум од Универзитетот во Копенхаген.

- Затоа, внимаваме да не даваме антибиотици секому, бидејќи не сакаме подоцна да си имаме работа со поотпорни бактерии. Затоа е важно да се најдат нови начини за лекување и превенција на овие инфекции - објаснува Одум.

Тој и неговите колеги експериментирале со нова класа на антибактериски агенси наречени ендолизини.

Ендолизините се ензими природно произведени од бактериофагите. По инфекцијата, тие ги уништуваат бактериите однатре.

Иако овие лабораториски експерименти со примероци од биопсија на кожата во пластични садови се далеку од лекување инфекции на кожата и рак, резултатите ветуваат.

Истражувачите се надеваат дека ендолизинот „XZ.700“ би можел да уништи соеви отпорни на лекови, како што е МРСА, па дури и биофилмови, цврсто поврзани групи на микроорганизми за кои се знае дека тешко се лекуваат.

Извор: Svijetkulture.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука