X
 07.06.2017 Здравје

Луѓето кои не можат да нацртаат часовник треба да се јават на лекар

Скица од круг и погрешно поставени броеви на часовник може да покажат во која мера деменцијата влијае на мозокот. Ова, според лекарите, е една од најсигурните алатки за да се утврди дијагнозата.

Тој е точен во 85% од случаите според експертите. Тестот се потпира на сеќавањето на пациентот за тоа како часовникот изгледа, поточно на вештината на извршната функција која ни овозможува да планираме, организираме и извршуваме задачи.

Пациентите треба да нацртаат круг и да ги напишат броевите од 1 до 12 за кругот да изгледа како часовник, а потоа нацртаат стрелка која покажува 11 и 10.

Значи станува збор за цел процес затоа што мора да се сетите како се црта круг, како броеви, а како треба да се покаже бараното време.

Пациентите со деменција не само што не умеат прецизно да го нацртаат она што од нив се бара, туку и визуелно ја запоставуваат и игнорираат левата страна.

Сепак лекарите предупредуваат тестот да го направи стручно лице и затоа што разни фактори може да влијаат на таа дијагноза.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје