X
 07.07.2022 Живот

„Сказните на Биби“ од есен ќе се читаат и онлајн на Boksy

Предноста на првата македонска детска мобилна апликација за читање и слушање книги – Boksy е што македонската детска литература ќе им биде на дофат на децата, ќе нуди многубројни можности за гејмификација и преку тоа ќе им овозможува на децата да градат подобри односи со книгите, како и да стекнат навики за читање

„Биби и Боби и змејот“, „Кражба во музејот“, „Шумски пожар“, „Лавот што не сакаше да биде крал“, „Мајстор за снежни лудории“, „Тајната на пештерата“, „Бркотница со жирафата Жижи“, „Рудникот на Џемаил“ и уште многу други сказни од „Светот на Биби“ ќе можат да се читаат на апликацијата Boksy.

Апликацијатa е наменета за деца од 6 до 14 години. Во неа ќе има голем број книги за деца на македонски, англиски и на албански јазик од македонски и странски издавачки куќи кои ќе можат да се читаат или слушаат како аудиокниги на мобилните уреди.

- Навистина сме среќни што сказните од „Светот на Биби“ се дел од Boksy и сметаме дека нивната популарност и достапност во секое време значително ќе придонесе за користењето на апликацијата. Инаку, предноста што македонската детска литература ќе биде на дофат на децата е тоа што апликацијата нуди многубројни можности за гејмификација и преку тоа им овозможува на децата да градат подобри односи со книгите, како и да стекнат навики за читање. Апликацијата сѐ уште не е официјално лансирана, но беше презентирана на овогодишниот Саем на книгата, кој се одржа во мај во „Арената Борис Трајковски“ и наиде на одличен фидбек како од најмладите така и од родителите – вели Димитар Најденов, творец на апликацијата.


Прочитајте повеќе на Деца.мк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот