X
 07.07.2025 Живот

Лисици на покривот на „Гугл“: Како дивите животни се преселиле на новата зграда во Лондон

Додека крајот на изградбата на зградата на „Гугл“ во Кингс Крос во Лондон сè уште се одложува, покривната градина долга 300 метри веќе стана дом за лисици што ископале дупки меѓу дрвјата.

Според неодамнешните извештаи, лисиците почнале да копаат дувла во градината на покривот. Пејзажните покривни тераси, кои се еден од главните елементи на оваа 11-катна зграда, биле населени со лисици во раните фази од изградбата, но според портпаролот на Гугл“, штетата предизвикана од животните била минимална.

- Појавата на лисици на градилиштата е доста честа појава, а нашиот проект во Кингс Крос не е исклучок. Иако лисиците повремено се гледаа на самото место, нивното присуство беше краткотрајно и имаше минимално влијание врз работите - откриле од одделот за односи со јавноста на технолошкиот гигант.


„Земјодер“ наместо облакодер

Архитектонските фирми „Бјарке Ингелс груп“ и „Хедервик студио“ - чиј тим го вклучува и Димитрије Милетиќ, кој дипломирал архитектура на Архитектонскиот факултет во Белград - го дизајнирале седиштето на „Гугл“ во овој лондонски округ како прва зграда што ќе биде целосно во сопственост на оваа компанија надвор од Соединетите Американски Држави.

Објектот се протега на 330 метри, што е подолго од лондонскиот „Д Шард“- највисоката зграда во Велика Британија. Да споменеме и дека „Д Шард“ бил дом и на диви животни за време на изградбата, а лисица по име Ромео живеела на 72-риот кат.

Една од клучните карактеристики на новата зграда на „Гугл“ е покривната градина долга 300 метри, која има патека за џогирање, места за јадење и зони за вежбање. Градините што ја следат патеката содржат дури 40.000 тони почва и 250 дрвја.

Се чини дека оваа локација им се допаднала и на лисиците бидејќи, според извештајот на „Гардијан“, извори блиски до градилиштето го потврдиле нивното присуство.

Експерт од фирма за контрола на штетници изјавил дека претходно видел лисици на градилиштата низ Лондон како бараат остатоци од храна оставени од работниците. Тој, исто така, рекол дека тие веројатно преживуваат главно јадејќи стаорци.

Лисиците не се единствениот проблем

Плановите за оваа зграда беа објавени уште во 2013 година, а завршувањето на работата на проектот од страна на инвеститорите се очекува оваа година.

Сепак, постои сомневање дека сè ќе оди според планот бидејќи присуството на лисици не е единствениот неодамнешен проблем на градилиштето. Според „Телеграф“, дрвените подови во зградата неодамна биле толку натопени од дожд што морале целосно да се обноват.

Извор: gradnja.rs

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот