X
 07.12.2020 Живот

Исклучителна можност за мотивирани индивидуи - Кариерен центар на Семос Едукација

Како дел од секојдневното работење, тимот на Семос Едукација постојано размислува како да внесе иновативност во работењето на компанијата. Разгледувајќи ги постојните карактеристики – големиот број слушатели кои успешно ги завршиле нивните обуки, како и големиот број соработници од ИТ-секторот на Семос Едукација, вработените во компанијата дојдоа до идеја која се разви во еден од најголемите проекти на Семос Едукација – Кариерниот центар. Целта на овој центар е да ги препознае квалитетите кај слушателите и да биде мост кој ќе ги поврзува слушателите што сакаат да направат промена во својата кариера и компаниите кои се во потрага по високо квалификуван кадар.

Она што го прави Кариерниот центар на Семос Едукација единствен од ваков тип е директната вклученост на тимот во едукацијата на идниот кадар.

Кариерниот центар е одлична можност и за слушателите на Семос Едукација, но и за партнерите. Тимот кој е составен од професионалци со долгогодишно искуство во областа на човечките ресурси и технички вештини го анализира секое портфолио на заинтересираниот слушател, ги извлекува најдобрите способности и дава соодветна насока која е дел од интересите на секој поединец со цел тоа да води кон подобра иднина. Имајќи го ова предвид, партнерските компании можат да добијат соодветен кадар кој целосно одговара на барањата за да може да се формира успешен тим.

Кариерниот центар на Семос Едукација е вистинскиот избор за луѓе што сакаат да ја променат насоката на својата кариера и сакаат целосно да ги искористат сопствените потенцијали, како и за компаниите кои се во потрага по високо квалификуван кадар од областа на ИТ и други дисциплини.

По повод прослава на големиот јубилеј – 25 години постоење, овие месеци Семос Едукација подарува картичка-подарок во вредност од 50 евра за обука по ваш избор до 31 декември. Подарокот може да го преземете на следниот линк: https://25godini.semosedu.com. Одлична можност за започнување на патот кон Кариерниот центар.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот