X
 07.12.2023 Живот

Облачно со северен ветер за продолжениот викенд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен претпладне по должината на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 4 степени, а максималната од 1 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде -2, а максималната 7 степени.

Како што соопшти УХМР, в сабота ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер. Минимална температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната температура од 4 до 10 степени.

В недела во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.

Од понеделник дневните температури ќе бидат во пораст, освен по котлините каде што ќе има услови за појава на магла.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот