X
 02.01.2024 Живот

До крајот на неделава променливо облачно време со повремен дожд

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла со променлив интензитет. 

Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок, а нов влажен бран со врнежи претежно од дожд повторно се очекува в сабота попладне и в недела, соопшти УХМР.

Минималната утринска температура ќе се спушти до -2, а максималната дневна ќе достигне 17 степени.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот