X
 08.02.2017 Живот

Зошто се задишувате кога брзате по скалите?

Дури и маратонците може да се задишат ако ненадејно треба да искачат скали, но не е сѐ во загревањето. Кога се доближуваме да ги искачиме скалите брзо, мозокот му кажува на телото да престане да дише.


Фото: Pixabay


Луѓето имаат тенденција да го стопираат или забават дишењето кога имаат специфична задача за кратко време. Кога трчате да стигнете на време на состанок, се доближувате до скалите и имате за цел да ги поминете брзо. Ова активира специјална програма во мозокот што би се нарекла „програма за концентрација на мала задача“. Забавеното или сопреното дишење може да трае и по поминувањето на скалите.

Резултатот е комбинација од мал замав на потрошувачката на кислород од мускулите со мал  пад на кислородот преку намаленото дишење. Заедно овие две сили прават нивото на кислород во крвта после ова опаѓа, а оваа програма престанува со работа. Брзото дишење се јавува за да се надокнади недостатокот на воздух што е предизвикан од целиот процес.

Зошто престануваме, кога треба да дишиме повеќе?


Овој рефлекс еволуирал за нашите тела да ги одржи цврсти на физичка задача која бара концентрација и прецизност. Замислете правење на хируршки зафат или протнување на игла – преку забавување и запирање на дишењето се намалуваат позадинските движењата на телото и се постигнува поголема точност во извршувањето на внимателно планираната акција.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот