Ако на аеродромот во Сингапур почувствувате мирис на бурек или ви се причини дека слушате југословенска музика, не си замислувате, „Кафе Југославија“ е познато „парче од Балканот“ во оваа егзотична земја.
Синџирот кафулиња и пекарници под името „Југославија“ во Сингапур привлекува внимание не само со своето име, туку и со целиот концепт. За брзо време стана атракција, а засега има три локации во Сингапур, од кои особено внимание привлече објектот на познатиот аеродром.
Го основале Митре и Катерина од Македонија со желба на жителите на Сингапур да им ги доближат традиционалните рецепти што ги наследиле од своите семејства.
Како што може да се прочита на интернет-страницата на локалот, „Спирит оф Југославија бејкери енд кафе“ има мисија да им доближи нова димензија на храната и културата на жителите на Сингапур, а тоа го прави преку понудата на специјалитети од овие простори, но и преку амбиентот.
Тука се служат бурек (и со месо и со сирење), кифли, ванилици, штрудли, баклави, бајадери, ѓевреци... И, секако, домашно кафе - сопствениците инсистираат на балканската култура на пиење кафе, па затоа не е чудно што гостите остануваат подолго отколку што планирале.
На ѕидот има фотографија од Тито, а се пуштаат партизански песни.
Интересно е што иако би се очекувало едно вакво место да стане собиралиште за луѓето од поранешна Југославија, привлечени од „мирисот на домот“, најголемиот дел од гостите се локални жители и странци што живеат во Сингапур.
Извор:
Nova.rs
Фото:
Facebook