X
 08.02.2022 Наука

Истражувачи ќе одгледуваат генетски модифицирани свињи за трансплантација на органи

Германски научници годинава планираат да клонираат, а потоа да одгледуваат генетски модифицирани свињи кои ќе бидат донори на срце за луѓето. Веста доаѓа откако срце од генетска модифицирана свиња му беше пресадено на човек во САД минатиот месец.

Екхард Волф, научник на Универзитетот „Лудвиг-Максимилианс“ во Минхен, открил дека неговиот тим очекува новиот вид да биде подготвен за тестирање на трансплантации до 2025 година. Свињите ќе бидат модифицирани од вид свиња од островите Окленд.

Научниците планираат да им направат 5 модификации на свињите, а со помош на технологија за клонирање за да создадат животни од кои подоцна ќе се размножуваат генски идентични потомци.


Фото: Pixabay

Првата генерација треба да се роди уште оваа година, а нивните срца ќе бидат тестирани на бабуни пред да се бара одобрување за експерименти со луѓе за две или три години, објаснил Волф за „Ројтерс“.

Поддржувачите на методот велат дека ова може да им помогне на луѓето што немаат друга опција за третирање на срцевите болести, додека критичарите велат дека технологијата ги крши животинските права и ги деградира свињите на статус на фабрики за органи, а мајмуните умираат во агонија при експериментите.

Извор: Reuters
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука