X
 08.03.2024 Живот

Ја одбираме доминантната рака уште пред целосното развивање на мозокот, велат научниците

Се проценува дека само околу 10 отсто од светското население се левучари. Левата рака е доминантната кај овие луѓе, за разлика од поголемиот дел од луѓето на кои десната рака им е доминантна. Зошто некои луѓе подобро работат со левата рака?

Истражувачи од Германија, Холандија и Јужноафриканската Република откриле дека гените не се главна причина која одредува дали едно лице ќе биде левучар или десничар, како што се мислело. Меѓутоа, научниците откриле дека ова се одредува уште додека бебето е во матката.

Имено, генетската активност во 'рбетниот мозок на бебињата е асиметрична уште додека тие се во утробата, што значи дека нероденото дете веќе „одбрало“ доминантна рака. Ова се случува уште пред поврзувањето на делот од мозокот за движења со 'рбетниот мозок. Тоа значи дека доминантната рака не се одредува од мозокот, велат научниците.

Сепак, ова не открива зошто одредени бебиња „ја одбираат“ левата рака како доминантна, а други десната. Главната причина за изборот на доминантна рака останува мистерија.

Извор: Unilad
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот