X
 08.05.2023 Живот

Факултети.мк избран за најчитан и најследен портал на онлајн анкета

Порталот Факултети.мк повторно се најде меѓу најчитаните и најследени портали. На спроведената онлајн анкета на маркетинг-агенцијата „Бренд унион“, на прашањето „На кои локални портали следиш/читаш“ новости и трендови?“, Факултети.мк доби најмногу гласови. Пред него се најде само агрегаторот Тајм.мк, што значи дека довербата, времето и вниманието, кога станува збор за портал, испитаниците ги дале за Факултети.мк.

Во онлајн анкетата, која беше спроведена од 22 февруари до 6 март, учествувале над 700 испитаници, а целта на анкетата е истражување на онлајн навиките на публиката и начините на кои потрошувачите откриваат нови брендови и производи. Меѓу другото, резултатите покажуваат колку македонските корисници поминуваат на интернет и на што најмногу го трошат своето време, кои се социјалните мрежи каде што се активни, дали им веруваат на македонските инфлуенсери... Целиот извештај го има на блогот на агенцијата 

Ова е можеби мал чекор за другите, но голем за Факултети.мк. Уште еден показател дека публиката препознава оригинален производ, конструктивна содржина и, секако, веродостојни информации.

Професионалниот тим што работи во Факултети.мк, кој годинава заокружи 12-годишна работа во дигиталниот медиумски простор, со голема посветеност работи на темите од образованието, науката, екологијата, најновите достигнувања во медицината, успешни личности во Македонија и во странство...

Факултети.мк е секогаш отворен за соработка со читателите, за нивни коментари, препораки, сугестии, колумни... Изминативе години се потрудивме да одговориме на секоја порака во која се бараше некаква информација од нас и да бидеме портал во вистинска смисла на зборот. И оваа година продолжуваме со поддршка на младите таленти и на успешните ученици, студенти и професори, како и сите релевантни информации за граѓаните. Проверените и точни вести ги сметаме за наш заштитен знак, а верноста на публиката, која сака да прочита нешто поразлично, за комплимент. Продолжуваме и понатаму да се залагаме за квалитетна содржина на медиумскиот простор.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот