X
 08.06.2018 Живот

Трамп го кани Ким Јонг-ун во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп пред средбата со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, изјави дека ставот е поважен од подготовката.

Трамп, кој на 12 јуни во Сингапур ќе преговара со Ким за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, истакна дека верува оти Ким е подготвен да направи нешто големо за својата земја, фамилија и за себе и додаде дека доколку нивната средба помине добро, тој повеќе би сакал да го повика лидерот на Северна Кореја во Белата куќа отколку на неговиот имот на Флорида.

Американскиот претседател за претстојните преговори рече дека се пријателски.

- Не мислам дека морам многу да се подготвувам. Сѐ е во ставот и подготвеноста да завршиме некои работи - рече Трамп.

Тој наведе и дека средбата нема да биде само шанса за фотографирање, туку и почеток на преговори кои би можеле да доведат до денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

- Мислам дека тоа не е договор за една средба - истакна Трамп, наведувајќи дека е подготвен на нови средби со Ким, ако има потреба.

Американскиот претседател и лидерот на Северна Кореја ќе се сретнат на 12 јуни во хотелот „Капел“, на островот Сентос во Сингапур, соопшти Белата куќа.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот