X
 08.09.2022 Технологија

Кинеска компанија назначи виртуелен робот за директор

Кинеската компанија за игри за мобилни телефони „Нет драгон вебсофт“ назначи виртуелен робот за директор. Роботот наречен Танг Ју станал директор на подружницата „Фуџиан Нет Драгон Вебсофт“ на 26 август.

Според компанијата, Ју ќе помага во донесувањето одлуки во секојдневното функционирање на компанијата и ќе обезбеди поефективен систем за соочување со ризици. Другите директори, исто така, ќе го користат виртуелниот директор како алатка за анализа на податоци.

Меѓу задачите на Ју е и обезбедување праведна работна околина за вработените.

- Веруваме дека вештачката интелигенција е иднината на корпоративниот менаџмент, а нашето назначување на Танг Ју ја претставува нашата посветеност вистински да го прифатиме користењето на вештачката интелигенција за да го трансформираме начинот на кој го водиме бизнисот и конечно да го поттикнеме нашиот иден стратешки раст - изјавил Диџиан Лиу, основач на компанијата.

Во иднина компанијата ќе настојува да ги развива алгоритмите што стојат зад Ју за да изгради отворен, интерактивен и транспарентен модел за менаџмент додека постепено трае трансформацијата во работна заедница базирана во метаверзумот, додал Лиу.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија