X
 08.11.2015 Наука

Зошто луѓето не чувствуваат болка кога месечарат?

Месечарењето за научниците претставува голема загатка и се` она што денес се знае во врска со него се само претпоставки.

Одењето во текот на денот е исполнето со болка, со што се намалува нивната физичка активност, додека нивните ноќни прошетки може да предизвикаат повреди кои воопшто не ги боли.

Ваков е заклучокот од едно неодамнешно истражување на група француски научници, објавено во списанието „Sleep“, спроведено на 100 луѓе кои се месечари, а немаат други нарашувања во спиењето. Во споредба со 100 луѓе кои не месечарат, месечарите почесто патат од мигрена, хорнични болки како и симптоми на депресија и несоница. Во ова истражување, 47 луѓе кои месечарат изјавија дека се повредиле додека месечареле, а 80% од нив не почувствувале никаква болка.

Еден учесник во истражувањето паднал од трет спрат додека месечарел, здобивајќи се со бројни скршеници. Тој вели дека не почувствувал никаква болка се` додека не се разбудил. Друг учесник се качил на покривот на неговата куќа, паднал, ја скршил ногата и продолжил мирно да спие до утрото. Трет паднал по скали и останал да спие на истото место, се` додека утрото не го пронашле. Откако се разбудил, почувствувал дека има болки на телото.

Овие сознанија ги натераа научниците да донесат хипотеза дека несвесната состојба во која луѓето месечарат им пречи на деловите на мозокот кои се одговорни за болка и свест. Исто така се претпоставува дека постојат скриени ненормални кругови во мозокот на месечарите кои ја објаснуваат перцепцијата за болка во текот на будните прошетки и прошетките во текот на спиењето.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето се помалку чувствителни на болка откако длабоко ќе заспијат. Веројатно ова нечувствување на болката се влошува кај месечарите. За да почувствуваме болка мора да постои врска меѓу круговите кои испраќаат сигнали за болка до мозокот и деловите на мозокот кои ги дешифрираат овие сигнали на болка. Кај месечарите веројатно оваа врска е ослабена или целосно исклучена.

Оваа претпоставка има смисла иако се`уште малку се знае за месечарењето. Мајк Ховел, од Универзитетот во Минесота вели дека месечарите всушност не спијат додека одат навечер. Кај нив мозокот делумно е буден, но некако спречен целосно да се разбуди.

Сега за сега може само да се шпекулира зошто месечарите чувствуваат поголема болка во будна состојба. Поради ова, оние кои месечарат се во поголем ризик сериозно да се повредат бидејќи болка нема додека не се разбудат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука