X
 08.12.2022 Наука

Бројот на мали езера не престанува да расте во светот, но тоа може да биде проблем

Анализирајќи ги малите езера на нашата планета, научниците дојдоа до заклучок дека нивниот број во периодот од 1984 до 2019 година се зголемил, и тоа за површина поголема од 46.000 квадратни километри. Ова е еднакво на територијата на Словачка или Босна и Херцеговина.

Сепак, и покрај бактериите и габите што се хранат со мртвите билки и животни на нивното дно, тие постојано произведуваат јаглероден диоксид, метан, азот оксид и други гасови.

- Последните децении имаше големи и брзи промени кога се во прашање езерата, а кои влијаат врз зголемувањето на ефектот на стаклена градина, екосистемите и пристапот до водени ресурси - изјави Јинг Танг, еколог од Универзитетот на Копенхаген.


Фото: Pixabay

Заедно со колегите, Танг анализирала сателитски снимки со помош на алгоритам кој проценил дека примерок од 3,4 милиони мали езера испуштаат најмногу штетни гасови во однос на својата големина. Иако сочинуваат само 15 отсто од вкупната површина на сите езера на планетата, овие езера произведуваат 25 отсто од вкупните емисии на јаглероден диоксид и 37 отсто од емисиите на метан од сите езера на планетата.

Танг објаснува дека малите езера испуштаат повеќе штетни гасови бидејќи обично акумулираат повеќе органски материи кои се претвораат во гасови.

- Ова е така затоа што се многу плитки, а тоа им олеснува на гасовите да стигнат до атмосферата - објаснува Танг.

Анализата покажа и дека малите езера се многу чувствителни на климатските промени, поради што е важно да се мапираат и следат.

Извор: National geographic
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука