X
 09.07.2022 Наука

Научниците сметаат дека веќе живееме во нова геолошка епоха

Антропоцен е името што некои научници го користат за именување на моменталната геолошка епоха. Според научниците, оваа епоха започнала кога луѓето почнале да имаат значајно влијание врз геологијата и екосистемите на Земјата.

Експертите мислат дека точно го одредиле почетокот на оваа епоха преку биомаркери, односно радиоактивен материјал откриен во морските седименти и корали во северозападниот дел од Тихиот Океан, во близина на брегот на Јапонија.

Тој материјал потекнува од атомски тестирања кои биле спроведени во регионот во 50-тите години на минатиот век и претставува јасна промена во океанот.


Фото: Pixabay

Врз основа на собраните податоци, научниците предлагаат почеток на антропоценот да се смета за 1954 година.

Во анализата биле искористени повеќе техники за хемиско тестирање. Официјално, геолошката епоха во која живееме сега е холоцен, а таа почнала пред околу 11.700 години. Меѓутоа, научници од повеќе области мислат дека треба да се земат предвид големите промени во околината што се случиле во последните децении.

Извор: Science alert
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука