X
 10.03.2020 Наука

Втората светска војна и нацистите: Во Аргентина пронајден список со 12.000 тајни сметки во банки

Досиеја објавени во Аргентина ги откриваат имињата на 12.000 нацисти што живееле таму во 30-тите години, од кои многумина имале сметки во швајцарски банки, велат истражувачите.

Од американскиот центар „Симон Визентал“ побарале од Креди Свис банк да ги идентификува старите банкарски сметки.

- Ние веруваме дека тие сметки, кои стојат со години, се всушност ограбени пари од еврејските жртви - велат истражувачите од Центарот „Симон Визентал“.

Изводи од сметки се пронајдени во продавница во поранешното нацистичко седиште во Буенос Аирес.

Нацистичка Германија почна да го запленува еврејскиот имот откако во 1935 година донесе расни закони, при што најголемата сума е запленета за време на холокаустот. Голем дел од тоа богатство било пренесено на тајни сметки во швајцарските банки.

Во писмото до Кристијан Кун, потпретседател на Креди Свис, истражувачите од Центарот „Симон Визентал“ велат дека се свесни дека веќе имаат список со луѓе што се пријавиле како наследници на нацистите и нивните сметки.

Додадоа и дека многу нацисти биле заведени во аргентинските досиеја кога отвориле една или повеќе банкарски сметки во Швајцарското кредитно биро, од кое е создаден Швајцарскиот кредитен центар.

Од 1930 до 1938 година Аргентина имаше пронацистички воен режим предводен од претседателот Хозе Феликс Урибуру, прекар Фон Пепе и неговиот наследник Агустин Педро Хусто.



Изводите ги презеде специјалната комисија формирана за време на Роберт Ортиз, кој владееше од 1938 година и им се спротивстави на нацистите.

Потоа, Комисијата на препад ја зазеде Германската унија на синдикати.

Сепак, вториот воен удар во 1943 година го врати на власт пронацистичкиот режим во Буенос Аирес и наодите на комисијата беа запалени.

Сепак, аргентинскиот иследник Педро Филипузи неодамна пронајде веродостојна копија со имиња на 12.000 нацисти.

Од Креди Свис за АП рекле дека соработуваат со Пол Волкер, истражител на Обединетите нации, кој бараше тајни сметки меѓу 1997 и 1999 година.

- Повторно ќе се занимаваме со таа афера - велат од Кредитниот центар.

За време и по Втората светска војна неколку јужноамерикански држави, вклучително и Аргентина, беа безбедно засолниште за нацистите бидејќи управуваа фашистичките воени диктатори.

Некои од најбараните нацистички воени злосторници избегаа во Јужна Америка, вклучувајќи го и Адолф Ајхман, еден од идејните творци на холокаустот.

Во Аргентина тој беше киднапиран од израелските агенти во 1960 година.

Ајхман беше префрлен во Израел, а две години подоцна по неговото судење во Ерусалим, тој е осуден на смрт со бесење.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука