X
 10.05.2019 Култура

Таинствен остров каде што владеат жени

За повеќето луѓе овој остров е вистинска мистерија, а во последно време почна да привлекува сè повеќе туристи токму поради таинствените и прекрасни плажи и околината, но и поради нешто со кое се гордее со децении. Најголем доказ дека долгогодишната традиција се задржала на островот Карпатост е населението од 7.000 жители.

На прв поглед островот изгледа како сите други во Грција. Иако е оддалечен само еден час со авион од Атина, на островот времето застанало. Најмногу луѓе живеат во главниот град Пигадија, но особено е интересно селото Олимпос, во северниот дел од островот, каде што владеат жени.

За разлика од другите острови што може да се посетат и каде што е развиен туризмот, островот Карпатос негува различен пристап.


Фото: Katie Sehl

- Не постојат многу места на светот што се опишуваат како заедница на матријархат. Тоа е нешто сосема различно од она што сме навикнати - раскажува Кејти Сехл од Си-ен-ен, која патувала и го посетила ова место.

Матријархат е заедница позната како место во кое жените се главни, но прашањето е на кој начин ваквата традиција се применува денес. Локалните жени се господарки во кујната, не само со своите куќи, туку и во рестораните. Се облекуваат во традиционална облека за религиозни церемонии, додека мажите се облечени во обична облека. Жените се наоѓаат на важни позиции и ја одредуваат политиката на островот.

- Во многу општества женската моќ е тајна, но во Олимпос вакви тајни нема. Жените имаат посебна сила или моќ да управуваат со домаќинството и да преживеат на овој остров - вели Фотеина Фрагкоу, локална жена која се занимава со туризам.


Фото: Katie Sehl

Жените се одговорни за продолжување на традицијата, споделување и пренесување на рецептите. Така било отсекогаш и така и ќе биде понатаму.

- Жените на Олимпос ме потсетија на она што е важно: жените се силни, без оглед на тоа во кој систем или во кое општество живеат - вели Сехл.

Во ова село над морето, со бело-сини куќарки, се чуваат традиционалните обичаи од дамнешни времиња. Имотот го наследува најстарата ќерка и го носи името на својата баба. На северниот дел на островот туризмот не ја уништува областа, туку се развиваат мали програми во согласност со идејата дека локалната заедница може да преживее и да ги цени туристите.

- Не ни е цел да имаме милион туристи, туку мала група од оние што своите пари ќе ги трошат на локални настани, како што се кулинарски натпревари и туристички тури. Иднината е системот на туристи - вели Агапиоу, која управува со еко-туристичка програма во Северен Карапатос.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура