X
 05.12.2019 Култура

„Мажите се како кучиња - постојано се враќаат. Жените се како мачки. Развикајте им се еднаш и си одат засекогаш“

Во поголемиот дел од случаите она што мажите го кажуваат за жените нема некоја голема вредност. И пред да кажете дека знаете многу работи за жените, имајте на ум дека постојат и постоеле многу мажи многу попаметни од вас кои ги барале истите одговори, меѓутоа, не ги пронашле.

Кој и да тврди дека го знае, сфаќа и разбира женскиот пол, или е сезнајко или Бог, или пак Џек Николсон. И покрај големата мистерија во врска со жените, некои мажи успеале да донесат некои одлични заклучоци за непознатото. Ви нудиме неколку.

1. „Големото прашање што никогаш не било одговорено и кое јас сè уште не сум способен да го одговорам и покрај 30 години истражување во женската душа е: Што сака една жена?“ - Сигмунд Фројд.

2. „Кога маж седи со убава жена околу еден час, се чини како една минута. Но ако го оставите да седи една минута на жешка печка, тогаш тоа за него е подолго од еден час. Тоа е релативност“ - Алберт Ајнштајн.

3. „Мажите се како кучиња. Тие постојано продолжуваат да се враќаат. Жените се како мачки. Развикајте ѝ се на мачка еднаш... и ќе си оди засекогаш“ - Лени Брус.

4. „Лицето на мажот е неговата автобиографија. Лицето на жената е нејзината работа на фикцијата“ - Оскар Вајлд.

5. „Жената почнува со отпор кон напредокот на човекот и завршува со блокирање на неговото повлекување“ - Оскар Вајлд.

6. „Не чекајте ја добрата жена. Таа не постои“ - Чарлс Буковски.

7. „Жената треба да го омекне, а не да го ослабне човекот“ - Сигмунд Фројд.

8. „Нема да се каеш за мажот кој никогаш не си го убил, туку ќе се каеш за жената што си дозволил да си оди“ - Бернард Корнвел.

9. „Жените зборуваат два јазика - од кои еден е вербален“ - Вилијам Шекспир.

10. „Ах, жени. Тие ги прават височините повисоки и падовите почести“ - Фридрих Ниче. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура